Сеизмолозите предупредуваат: Утре можен земјотрес во Дубровник
По серијата земјотреси кои рано изутринава ја погодија Албанија, од Сеизмолошкиот завод на Хрватска предупредуваат дека Албанија е изразито сеизмолошко активно подрачје, а Дубровник е продолжение на таа сеизмичка област.
– Кога станува збор за Хрватска, што повеќе одиме кон југ, тоа е сеизмичко поактивно. Овие потреси се од сеизмичко-тектонско потекло. Тоа значи дека на тоа подрачје е активна пукнатина. До потресот дојде така што дошло до поместување на длабочина од 10 километри, појасни за Индекс дежурната во Сеизмолошкиот завод.
Таа вели дека кај големите земјотреси е вообичаено да следуваат и вторични потреси. – Таков потрес може да се случи во Дубровник уште утре, истакна сеизмологот.
Таа потенцираше дека станува збор за исто сеизмолошко подрачје, поради што се можни нови потреси во таа област.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата