-->
-->
СЕХА: Металург гостува кај Горење
-->
Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладнево ги продолжува натпреварите во регионалната СЕХА лига. Избраниците на тренерот Лино Червар по тешко извојуваната победа над Ла Риоха во саботата во Лигата на шампионите, ќе имаат нов предизвик во дуелот со словенечката екипа Горење. Почетокот на дуелот е во 17 часот.
Во составот на Металург нема да биде Милош Драгаш, кој има повреда, а дебитантскиот настап ќе го има Вања Илиќ.
Покрај овој натпревар од СЕХА лигата попладнево во истиот термин играат и ППД Загреб – Татран Прешов.
Табела: Вардар 22 бода, Мешков Брест 13, ППД Загреб 12, Веспрем 12, Цеље 9, Нексе 7, Горење 6, Металург 4, Татран Прешов 3, Извиѓач 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Казнети 262 возачи во Скопје, 143 за брзо возење
-
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со најавеното драстично зголемување на струјата
-
Франција би можела оваа зима повторно да активира една електрана на јаглен
-
Најмалку четворица загинати при уривање трибина во Колумбија
-
Демонстрации во Сиднеј поради климатските промени
-
Во април 73,7 отсто од потрошената струја била од домашно производство
-
Дел од линиите на ЈСП ќе сообраќаат по изменет режим
-
Генералниот штрајк на ССМ продолжува со блокада на влезот на Скопје во Автокоманда