-->
-->
СЕХА лига: Вардар гостува кај Извиѓач
-->
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар попладнево го играат последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната од СЕХА лигата. Тие гостуваат кај последнопласираниот Извиѓач. Вардар е прв на табелата и на овој натпревар тренерот Раул Гонзалез се реши да ги одмори Штербик, Ангелв, Борозан, Абутовиќ, Деревен, Стоилов, Дибиров и Шишкарев.
Тоа значи дека шанса ќе добијат Владо Недановски, Даниел Ѓорѓески, Мартин Поповски како и новото засилување Јања Војводиќ. „Црвено-црните“ на овој уел во Љубушки отпатуваа со 13 играчи.
Почетокот на натпреварот е од 17 часот.
Покрај овој дуел денеска играат Татран Прешов - Загреб, додека последниот дуел кој решава за четврото место на табелата меѓу Загреб и Мешков Брест се игра во четврток.
Табела: Вардар 44 бодови, Извиѓач 44, Загреб 34, Цеље 33, Мешков Брест 32, Горење 18, Нексе 18, Металург 17, Татран Прешов 10, Извиѓач 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило
-
Почина родилка во Куманово
-
Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
-
Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија
-
Македонката Наташа Соврановски која исчезна во Германија е пронајдена мртва
-
АХВ: Спроведени вонредни контроли и во Кавадарци
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците
-
Лавров: Блискиот Исток е на работ на тотална војна