-->
-->
СЕХА лига: Вардар без проблеми со Нексе
-->

Ракометарите на Вардар остварија нова победа во СЕХА лигата откако вечерва на гостувањето кај Нексе славеа со 36:29 (17:14). Ова за „црвно-црните“ беше втора победа на двете гостувања одиграни вчера и денеска.
Вардар водеше во текот на целиот натпревар, пред се благодарение на одличниот почеток и водството од 6:0 и од 11:4. Сепак во финишот на првиот дел домаќинот успеа да намали. Во второто полувреме „вардарци“ успеаја да го исконтролираат резултатот и да ја забележат 13.та победа во шампионатот.
Најефикасен на дуелот беше Лука Циндриќ со 11 голови, додека Тимур Дибиров постигна 8.
Вториот македонски претставник во ова натпреварување Макс Струмица попладнево убедливо загуби на гостувањето кај шампионот Веспрем со 50:16, додека Мешков Брест на третиот дуел одигран денеска победи на гостувањето кај Татран Прешов со 28:23.
Табела: Вардар 40 бодови, Веспрем 37, ППД Загреб 30, Мешков Брест 27, Татран Прешов 27, Нексе 21, Војводина 11, Борац 10, Спартак 10, Макс Струмица 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд