-->
-->
СЕХА лига: Струмица „демолирана„ од Загреб
-->
Уште еден очаен настап на ракометарите на Макс Струмица во регионалната СЕХА лига.
Македонски вицепрвак на гостувањето во Загреб, загуби со убедливи 42-13.
Струмичани во периодот од 21-та до 43-минута не постигнаа ниту еден единствен гол, па предноста на тимот на Веселин Вујовиќ по серијата од неверојатни 20-0 се искачи од 11-6, до 31-6.
Значајно е да се потенцира дека целата оваа разлика Загреб ја направи додека тренерот Веселин Вујовиќ комбинираше со екипата и им даде шанса и на резервните ракометари. Дури првиот голман, Ивиќ не ни застана меѓу стативите, но затоа Стевановиќ брилјираше со 21 одбрана. Загрепчани се натпреваруваа во ефикасноста, а најдобри беа Шебетиќ и Ковачиќ со по шест гола. Кај Макс Струмица Ален Куленовиќ беше единствената светла точка со седум гола.
Шанса за рехабилитација македонскиот вицешампион ќе има в среда во мечот со Борац во Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени