Фудбал
3. September 2019 - 9:16

Сега или никогаш! Француски второлигаш за ангажман на Нејмар

Дебитантот во француската Лига 2, Шамбли на шега му предложи на напаѓачот на ПСЖ Нејмар да оди во нивниот тим.

На полноќ во повеќето европски првенства се затвори трансфер-прозорецот, а непосредно пред крајот на преодниот рок во Франција, Шамбли објави твит: 22:30 часот. Сега или никогаш, Нејмар!“

Ова лето, најскапиот фудбалер на светот беше цел на Реал Мадрид и Барселона. Сепак, ПСЖ ги одби сите понуди за Бразилецот, а тој веројатно останува во Париз барем до јануари.