Полицијата соопшти дека едно возило од непознати причини поминало на другата лента и дека удрило во Шевролет комбе кое одело кон куг. Ова довело до верижна реакција, па во сударот учестувало уште едно комбе.
Четворица патници од Шевролетот на место загинале. Властите влеат дека во другото возило животот го загубиле три лица, додека тројца се повредени, а едно лице е во критична состојба.
Полицијата веднаш не ги соопшти идентитетите на настраданите патници. Локалниот шериф Стив Томас рече дека во прашање е најстрашен судар со најголем број на загинати кој го видел во целата своја кариера.