Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи две седници 75-та и 77-ма, на кои ќе се дискутира по Предлог – закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, сите по скратена постапка, во второ читање.
Предлог – законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, се на дневниот ред и на двете седници на Законодавно-правната комисија.
Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, по скратена постапка, во второ читање.
На агендата на седницата на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, во прво читање, Предлог – законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање, како и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за социјална сигурност на старите лица и на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, по скратена постапка, во второ читање.
Како што е најавено, во собраниската Охридска сала свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе даде Арбер Исаку, член на Советот на Јавни обвинители на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд