Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ги утврдат Предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-одлуката за именување на претседател, заменик претседател и заменик член на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, Предлог-одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев", Предлог-одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Предлог-одлуката за разрешување и именување на членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка во второ читање.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, Предлог-законот за изменување на Законот за минерални суровини, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, сите по скратена постапка во второ читање.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува