Седници на пет собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за образование и наука, за труд и социјална политика и на Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана се Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, во прво читање и Предлог - законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање, а на Комисијата за образование предлог-измените на законите за основно и за средно образование, за наставници во основно и средно образование, ......
Комисијата за транспрот, врски и екологија, пак, треба да ги разгледа предлог - законите за изменување и дополнување на законите за електронските комуникации, за електронско управување, за управување со отпадот, за животната средина, за просторно и урбанистичко планирање, за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, за внатрешната пловидба.... во прво читање.
Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат за Предлог законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, во прво читање, поднесен од пратеници од СДСМ, како и за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за безбедност и здравје при работа , за социјалната заштита, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за заштита на децата, сите во прво читање.
Повеќе законски решенија треба да разгледа и Законодавно-правна комисија.
Ново на Сител
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
