Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“

Панел дискусија на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии. На панел дискусијата, што е дел од одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, се предвидува учество на претставници од државава и странство, на дипломатскиот кор, академската заедница, студенти, …
Организаторите најавуваат обраќање на претседателот на Собранието Африм Гаши и учество на првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, амбасадорката на Германија во државава Петра Дрекслер, како и на Стефен Худолин – шеф на соработка во Делегацијата на Европската Унија, Петер Хефеле – директор за политики при Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс, Антонијо Милошоски – потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања и Венко Филипче – претседател на Националниот совет за евроинтеграции.
Настанот ќе го отворат Милева Ѓуровска, претседателка на Европското движење, Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Петер Хефеле, директор за политики при Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс.
Во рамки на настанот ќе биде доделена и плакетата за Европска личност на годината за 2025 година на интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев.
Вториот дел од настанот ќе биде организиран како Младински клуб на тема: „Младите и дигитална Европа: Од следбеници кон лидери“. Во рамки на младинскиот клуб ќе се одржи дебата со воведни обраќања на Драгана Бојковска, пратеничка (ВМРО-ДПМНЕ) /кКоординаторка на Клубот за младински прашања и политики; Моника Зајкова, пратеничка од ЛДП; Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност; и Константин Миноски, професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Во рамки на младинскиот клуб ќе се одржат и ораторски натпревар со учество на студенти од повеќе универзитети во земјата, како и квиз на знаење за Европската Унија со учество на средношколци од неколку средни училишта.
Ново на Сител
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
-

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
-

Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри
-

Ристовски: Од некогашна руина направивме солиден спортски храм
-

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава
