Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашањата на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците, Законодавно правната и Комисијата за финансирање и буџет.
Комисијата за прашањата на изборите и именувањата треба да ја утврди Предлог - одлуката за именување на членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а Комисијата за за политички систем и односи меѓу заедниците, пак, ќе расправа по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител - во второ читање. Овој предлог треба да го разгледува и Законодавно правната комисија.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет треба да ја продолжи расправата по Ребалансот на буџетот.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
