Македонија
10. February 2016 - 8:32

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања, за култура и Законодавно-правната комисија.

Комисија за култура ќе расправа по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, по скратена постапка.

На дневен ред на Комисија за економски прашања е Предлог-законот за изменување на Законот за државната статистика, по скратена постапка .

Пред Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, по скратена постапка.