Седница на собраниската Законодавно-правна комисија
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред е Предлог законот за дополнување на Законот за одбрана во второ читање.
Челеновите на Комисијата ќе ги разгледаат и предлог законите за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање, и за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за поттикнување и взаемна заштита на инвестиции.
На дневен ред се барањата за давање автентично толкување на член 10 став 4 и член 12 став 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, и на член 20 ставови 2 и 3 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија