Седница на Собранието на РМ
Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 61.седница на чиј дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на законите за безбедност на храната, за производи за заштита на растенијата, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, за угостителска дејност, за минерални суровини, сите по скратена постапка.
Пратениците ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на законите за трговија, за вршење на занаетчиска дејност, за превоз во патниот сообраќај, за градење, за животната средина, за безбедност и здравје при работа, за работните односи, за минимална плата во Република Македонија, за пензиското и инвалидското осигурување, за спортска академија, за филмската дејност, сите по скратена постапка.
На дневен ред се и предлог законите за изменување на законите за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и за здравственото осигурување, по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка, поднесен од група пратеници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ