Седница на Собранието на Црна Гора за смена на Бечиќ
– Во Подгорица денеска ќе се одржи четвртата вонредна седница на Собранието на Црна Гора, на која пратениците на предлог на опозицијата ќе одлучуваат за смена на претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ.
Во образложението на предлогот се наведува дека Собранието за време на мандатот на Бечиќ не било место на суштински политички дијалог, поради што не успеало да исполни една од основните функции и да доведе до забрзување на европскиот пат на Црна Гора.
Пратениците од опозицијата го поднесоа предлогот, а единствениот кој не го потпиша беше пратеникот на Албанската листа, Генци Ниманбегу.
Демократскиот фронт (ДФ) и Социјалистичката народна партија (СНП), кои потпишаа меморандум со Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ за формирање нова малцинска влада, соопштија дека нема да гласаат за отповикување на претседателот на Собранието.
Демократска Црна Гора на Бечиќ соопшти дека секој што ќе гласа за негова смена на вонредна седница на Собранието или не учествува на гласањето, склучил договор со Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ и формирал нова парламентарна коалиција.
Претседателот на Парламентот се разрешува со мнозинство од вкупниот број присутни пратеници.
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
