Loading Video...
Спорт плус
3. January 2022 - 18:13

Себастијан Леб победник на 2-та етапа на Дакар

На 44-тото издание на релитро Дакар, чиј домаќин годинава е Саудиска Арабија, денеска се возеше  втората етапа. 
 
Делницата долга 338.километри од Хаил до Ал Каисумах, најбрзо ја мина Себастијан Лeб. 
 
Легендарниот Францизин до својата 15-та победа на ова престижно рели во конкуренција на автомобили стигна за 3.минути и 28 секунди побрзо од Насер Ал-Атијах од тимот на Тојота, кој победи на првата етапа и на специјалната пролог трика вчера. Како трет трката ја заврши Карлос Саинс од Ауди.
 
Сепак Катарецот, ја задржа лидерската позиција во Генералниот пласман со над 9 минути предност во однос на Леб. 
 
Во конкуренција на мотоциклистите најбрз и најслаодлив беше Шпаннецот, Жоан Бареда член на Енерџи Хонда тимот, оставајќи за повеќе од 5 минути зад себе Британецот, Сандерленд, кој сепак остана лидер во Генералниот пласман но сега со помалкуѕ од 3 минути предност во однос на Французинот, Ван Беверен, кој денеска заврши како осми.