-->
-->
Себастијан Курц доби син
-->
Лидерот на австриската Народна партија (ОВП), Себастијан Курц вчера стана татко.
Поранешниот канцелар на социјалните мрежи јави дека неговата девојка Сузана се породила и родила син. „Пресреќни сме и благодарни. Сузана и бебето се добри и со нетрпение ги очекуваме убавите заеднички задачи и нашиот прв Божик во тројка.
Му благодариме на медицинскиот персонал во болницата за срдечната грижа”, напиша Курц на Фејсбук. Курц во моментов е шеф на пратеничкиот клуб на ОВП во парламентот, откако минатиот месец поднесе оставка од функцијата канцелар на владата, по истрагата што против него ја отвори Обвинителството за економски криминал и корупција. Неодамна му беше укинат и пратеничкиот имунитет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф