Македонија
1. January 2025 - 16:41

Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век

Дебармаалци први на оро. Со чашка ракија и мезе ја продолжија 97 годишната традиција. Точно напладне, со „Ој Вардаре Македонски“ ја прославија новата година.

Кумството беше предадено со кршење на погачата и предавање на бајракот.

„Голема чест како помлад да ја продолжам традицијата, на татко ми, на постарите“ - изјави Михаил Узунов, новиот кум.

„Наше дете е и сакаме оваа традиција да продолжи уште многу години. За три години ќе биде стотата година“- рече Томислав Трифуновски, стар кум.

Старите скопјани се особено горди на традицијата.

„Господ да им даде се што не може со пари да се купи“ - изјави Димитрија Синадинов.

„Да бидеме весели, да не бидеме тажни, да не гледаме болни, да не гледаме деца по улица“- посака Жика Арсовски.

Традицијата трае од изградбата на Идадија во 1928. Обичајот почнува истата година и скоро цел век е задолжен за зачувување на стариот градски дух.

„Мојот чичко ќе каже дека први јануари во Европа има две традиции: Виенскиот концерт и орото пред Идадија. Ќе ја одржуваме традициајта и понатаму со гордот“ - изјави Бојан Цветановски.

По боемските улици истрчаа и новогодишните маратонци.