Фудбал
11. February 2022 - 10:12

Себастијан Џовинко потпиша за Сампдорија

Калчолигашот Сампдорија објави  дека потпиша договор до крајот на сезоната со поранешниот италијански репрезентативен напаѓач Себастијан Џовинко (35).

Фудбалерот доаѓа во редовите на Сампдорија без обесштетување, а без клуб беше од август 2020 година, кога го напушти саудиски Ал Хилал.

Последен пат Џовинко настапуваше во најсилното италијанско фудбалско првенство во 2015 година, по што кариерата ја продолжи во Канада.

Сампдорија, која е на 16. место на табелата со пет бодови над зоната за испаѓање, неодамна остана без услугите на првиот стрелец Маноло Габиадини поради повреда.