Се зголемува бројот на пациенти со ХОББ, во Македонија 147 илјади
Во пораст е бројот на лица кои боледуваат од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) чиј број во Македонија изнесува 147.000. Околу пет до десет отсто од населението боледува од ХОББ, а најодговорен фактор е пушењето.
Шестотини нови случаи (околу 15 отсто) кои се амбулантски третирани се откриваат во овој период од годината. Годинава 3.587 се амбулантски лекувани (20 отсто од сите прегледи) и има 654 хоспитализации (што претставува 42 отсто од сите хоспитализирани пациенти).
Директорот на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија Дејан Докиќ денеска на прес-конференција во пресрет на утрешното одбележување на Светскиот ден на ХОББ, рече дека инфекциите и аерозагадувањето се почести во овој период и се причина за влошување на состојбата на оваа болест и за хоспитализација.
Појасни дека болеста е четврта причина за смртност во светот од сите болести со тенденција до 2030 година да се искачи на трето место.
- Тоа е светски проблем. Бројот на амбулантски прегледи расте. Од 3.195 амбулантски прегледи во 2014 година, до октомври годинава има 3.600, а до крајот на годинава тој број ќе достигне 4.500. Расте бројот и на хоспитални пациенти. Се повеќе пациенти има со потешки форми на ХОББ. Оваа болест ги погодува оние кои пушат, но инфекциите и аерозагадувањето ја влошува состојбата кај овие случаи, истакна Докиќ.
Посочи дека од пред пет години почнале на најтешките пациенти да им даваат концентратори (апарати) кои во домашни услови произведуваат кислород кој им е неопходен.
- По 50 концентратори се доделуваат годишно, се даваат најтешките случаи кои можат да ги користат до крајот на животот, додаде Докиќ.
Д-р Горица Бришковска од Клиниката рече дека многу е важно раното откривање на болеста и колку порано се интервенира шансите на пациентите за подолг и поквалитетен живот се многу поголеми.
- Се стремиме да ги едуцираме пациентите за целокупниот нивен начин на живеење, исхраната, физичката активност, физикалната терапија и за начинот на користење на инхалаторната терапија, додаде Бришковска.
Претседателот на Здружението на пулмолози на Република Македонија, Бисерка Ќаева рече дека кај пациентите со ХОББ заради неправилната размена на кислород страда целиот организам.
- Во завршна фаза е Центарот за пушење за кој имаме едуциран персонал, ќе се набавува опрема и ќе се вработува кадар, додаде Ќаева.
Пулмолозите апелираат да се набават лекови кои ќе им помогнат на пушачите за одвикнување од пушење и да се прават скрининзи за да се утврди дали постои сомнение за оваа болест или други болести.
Во рамки на Клиниката ќе се организира работилница за пациентите со ХОББ, на која ќе им бидат поделени брошури со информации и совети за подобра контрола на болеста, како и едукација за правилно користење на инхалаторната терапија, со цел да се намали честотата на влошувања на болеста, а со тоа да се продолжи и подобри квалитетот на живот на пациентите.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода