-->
-->
Се венчале во истиот супермаркет во коишто се запознале
-->
Повозрасна двојка коишто се запознале во супермаркет во гратчето Лоуер Барел, Пенсилванија, одлучија и да се венчаат во истиот тој супермаркет, на истата каса кајшто се сретнале.
Лери Спиринг (69) и неговата неколку години помлада партнерка Беки Смит се венчаа викендов, на 1 април, Велигден според Грегоријанскиот календар, на истото место каде што пред 10 години се запознале. Беки тогаш работела на каса во супермаркетот, а Лери бил купувачот кој ја шармирал и и го оставил телефонскиот број.
Матичарот кој го одржа венчањето, изјави дека ова е првпат некој да се венча во супермаркет. Сопственикот на трговскиот објект, Џорџ Тимонс пак, вели дека му е драго што токму неговиот маркет ги споил двајцата вљубени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани