Свет
8. February 2016 - 20:22

Се урна руски хеликоптер, четворица загинати

 Четворица руски војници загинаа при уривањето на воен хеликоптер од типот Ми-8 во северозападниот дел на Русија.

Според руските медиуми, хеликоптерот се урнал во регионот Пескова за време на рутински тренинг, а потоа изгорел во пожар.

„Како што соопштуваат спасувачките тимови, кои се на местото на несреќата, тројца членови на екипажот и техничар-инструктор, загинаа во падот на леталото“, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана на Русија.

Хеликоптерот се урнал близу границата со Летонија, а истрагата за инцидентот е во тек.