Се укинува регистрацијата на дизел автомобили

Пратениците на долниот дом на германскиот парламент ѝ предложиле на Европската комисија по 2030 година да го забрани регистрирањето на возила со мотори на внатрешно согорување, пишува во неделата Spiegel Online.
„Потребно е да се преиспита досегашната даночна политика за да се поттикнат сообраќајните решенија кои не предизвикуваат загадување и да се постигне целта според којашто по 2030 година во Европската унија и се регистрирале возила без емисии“ на издувни гасови, се наведува во барањето на Бундесратот упатено до Европската комисија.
Според пишувањето на Spiegel Online, околу ова барање се согласиле и германските сојузни покраини во коишто на власт се демохристијаните и покраините со социјалдемократски влади.
Сојузниот министер за сообраќај, Александер Добринт, од Христијанско-социјалната унија (CSU), меѓутоа, ја отфрли оваа иницијатива на долниот дом на парламентот, оценувајќи ја како нереална.
„Моторите со внатрешно согорување како преодна технологија ќе се развива паралелно со развојот на електричниот автомобил“, вели Добринт кој верува дека пазарот на електрични автомобили натаму ќе се развива благодарејќи на поттикнувањата.
Најголемиот автомобилски клуб во Европа, германскиот ADAC, исто така, ја критикуваше иницијативата на Бундесратот.
„Ефикасните и еколошки мотори со внатрешно согорување и по 2030 година ќе останат важен сообраќаен и економски фактор“, соопштија од ADAC и заклучуваат дека „едностраните забрани на технологијата“ не носат ништо.
Во ADAC, исто така, сметаат дека предвременото укинување на овие мотори би ги загрозило работниците во германската автомобилска индустрија, имајќи предвид дека за производството на моторот за електричните автомобили потребно е повеќекратно помала работна сила отколку за производство на моторите со внатрешно согорување.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
