-->
-->
Се скараа принцот и кралицата – Меган не може да добие сè што сака
-->

Во книгата на Роберт Џобсон, новинар и писател кој за британските медиуми известува за кралското семејство уште од 1991 година, пишува дека кралицата морала да им стави крај на барањата на Меган, која ја нарекува „тешка невеста“.
Се започнало со изборот на тијарата. Британските медиуми пренесуваат дека Меган избрала да носи тијара со смарагди, но ѝ било речено дека тоа е недозволиво, зашто не можеле да го утврдат потеклото на скапоцените камења. На дворот се соменвале дека се од Русија, со која Велика Британија е во чувствутелни односи.
Младиот принц наводно пред венчавката на персоналот во Виндзор му рекол: „Што сака Меган, тоа и ќе добие“, но кралицата го предупредила: „Ќе ја избере тијарата што ќе ја добие од мене“
„Исто така, кралицата испитуваше дали Меган треба воопшто да носи вел, со оглед што ова ѝ е втор брак. Но, Меган силно сакала да носи тијара со смарагди и наводно Хари многу се налутил кога кралицата му рекла дека е невозможно да ја носи тијарата што ја избрала.
„Меган не може да добие се што сака. Ќе носи тијара што ќе ја изберам јас, му рекла кралицата на омилениот внук, кој иако многу се налутил, си легнал на брашното.
На крајот, Меган носеше тијара со дијаманти и платина, што ја носела кралицата Марија. Ја избрала на средба со кралицата и принцот Хари, но ниту еднаш во медиумите не дозволила да се насети дека тијарата не е нејзин избор. Средбата ја опишала како „неверојатен и надреален ден“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран