Македонија
19. August 2018 - 16:51

Се санира браната на Слатинското езеро

Се санира браната на Слатинското езеро .До крајот на месецот градежните активности треба да бидат завршени и да се врати животот на овој воден ресурс кој ќе биде збогатен со туристички содржини. После еколошката катастрофа во 2013 година кога пукна насипот ,наместо најавената современа ,со средства од УНДП се гради земјена брана која според надлежните ќе ја подобри нејзината стабилност и отпорност кон надворешните влијанија .

Со враќањето на стариот лик на Слатинското езеро овој предел според градоначалникот на Дебарца Ногачески ќе биде искористен за рурален туризам, како туристичка дестинација .

Инаку во февруари 2013 година земјената насипна брана на Слатинското езеро изградена во 1963 година пукна ,беа поплавени земјоделските површини и домовите на мештаните а надлежните целосно го испразнија езерото. Денес коритото на езерото е  целосно обраснато со трска и вегетација а  повремено го полнат обилните дождови и надојдените реки.