Македонија
14. July 2016 - 12:31

Се реконструира СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка

Од почетокот на летото започнаа низа реконструктивни активности во СОУ „Ѓорче Петров“, во Крива Паланка. Станува збор за реконструкција на училниците и спортската сала, соопштуваат од училиштето.
 
-Моментално се врши реконструкција на четири училници, при што стариот под ќе биде заменет со топол под. Ќе се изврши и замена на столаријата, а  старата ламеприја ќе биде извадена. Исто така, ќе се обноват и ѕидовите со цел да се намали влагата, изјави директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, Миле Милковски.
.
Тој потенцираше дека компјутерската инсталција ќе биде вклопена во ѕид со што ќе се обезбеди поголема сигурност на учениците и вработените.
 
Реконструкција се врши и во спортската сала, каде што кривопаленечките средношколци ќе имаат подобри и посигурни услови за спортски активности во следната учебна година.
 
За овие инфраструктурни активности се обезбедени средствата од буџетот на училишето СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.