Македонија
31. July 2024 - 16:33

O’Брајан: Македонија страда поради несогласувањата со соседите

САД ќе го чекаат изборот на стабилна бугарска влада, а потоа активно ќе се вклучат во начинот на имплементација на Договорот со Македонија. Американскиот помошник државен секретар  на сослушувањето во американскиот сенат потенцира дека Македонија страда од несогласување со соседите, а тоа се одразува и на интеграциите и постојаното менување на условите. Потврдува дека во процесот има два проблема, едниот неопходните проблеми, а другиот - добрососедските односи.

О’Брајан порачува и дека САД остануваат посветени и на одржување на Договорот со Грција. Затоа мисијата е Грција да стане пријател на патот до ЕУ а не кочничар во процесот.

Ваквиот став беше истакнат и на последниот Самит на НАТО во Вашингтон, каде челниците во Алијансата директно побараа билатералните прашања и договори да останат надвор од Алијансата. Но потенцираа дека остануваат посветени на спроведување на дговорот од Нивици.