Се реконструира дел од улицата „Браќа Миладиновци“ во Тетово
Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска изврши увид во финалната фаза од градежните работи за реконструкција на делот од улицата „Браќа Миладиновци“ од Шарената Џамија до текстилното училиште. Активностите се дел од годишната програма на локалната власт за обнова на улиците и пополнување на ударните дупки низ градските сообраќајници.
- Иако и минатата година интервениравме тука со крпење на ударните дупки, нивното повторно појавување значеше дека годинава ќе треба да се преземе посериозен зафат со целосна реконструкција на овој најоштетен дел од улицата. Се работи за асфалтирање на околу триста метри од улицата со ширина од околу шест метри, колку што дозволуваат куќите и дворовите тука бидејќи станува збор за стара населба, изјави Арифи.
Таа посочи дека сите активности за обнова на улиците и булеварите низ Тетово се финансираат од општинскиот буџет.
- За слични инвестиции во населените места од околината на градот како локална власт аплицираме во повеќе програми како што е оној за поддршка на руралниот развој и со тоа се финансираат проектите за обнова на локалните патишта меѓу селата, како и патот кон излетничкото место Бањиче. Со ослободување на општинскиот буџет од овие инвестиции можеме да ги финансираме зафатите низ градот, рече Арифи.
Во изминатиот период беа реконструирани повеќе улици, како дел од улицата „Иво Рибар Лола“ од старата библиотека до музичкото училиште, улицата „150“, делот од улицата кај спортскиот центар во Тетово, како и изградбата на кружниот тек кај музичкото училиште.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан