Македонија
7. August 2018 - 10:04

Се реконструира црквата „Свети Димитрија” во Кавадарци

Мајстори  и уметници интензивно работат на реконструкцијата и на фрескоживописот на храмот посветен на великомаченик Свети Димитриј во Кавадарци. 

Надворешните ѕидови на храмот целосно се ѕидаат со камен, а во внатрешноста веќе се завршени повеќе композиции од фрескоживописот.

- Сите се радуваме како напредува реконструкцијата на црквата, со помош на нашиот заштитник Свети Димитриј. Мајсторите самите се вживуваат во изградбата на овој прекрасен храм. Уметниците интензивно сликаат. Се надеваме до година изградбата да биде завршена и да ја осветиме, рече старешината на црквата, отец Мартин Деневски.

Сите кои сакаат, можат да се вклучат во реновирањето на храмот со свои донации.

И покрај реновирањето, верниците можат да ја посетат црквата секој ден и за празници.