Македонија
6. April 2017 - 10:04

Се реализираат повеќе инфраструктурни проекти во Пехчево

Заврши изградбата на тротоарот на најфреквентната улица во Пехчево со што се подобри урбаниот изглед на овој дел од Пехчево, но и се зголеми безбедноста на сообраќајот. Градоначалникот Игор Поповски, истакна дека проект е вреден 2,4 милиони денари, а улицата „Истра“ на која се изгради овој тротоар е најфреквентна улица во градот.

- Вкупната должина на тротоарот е 200 метри, но овде имаше потреба да се изградат и потпорни ѕидови, а ќе се гради и соодветна ограда. Овој проект го работевме со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи ова е влезна улица во Пехчево од регионален карактер што бараше само по себе соодветно инфраструктурно решение и очекувам дека и пешаците и возачите ќе бидат задоволни, рече Поповски.

Тој истакна дека пролетната градежна сезона, Пехчево ќе ја започни со инфраструктурни проект во населените места во општината.

- Планираме да изградиме по две улици во селата Робово и Умлена, како и пристапен пат во индустриската зона Грозил. Исто така, ќе работиме и на други инфраструктурни проекти кои им се и најпотребни на жителите, како што се канализациони системи, водоснабдителни системи и случно, рече Поповски.

Во моментов за потребите на фестивалот на дувачки оркестри и другите културни манифестации, Пехчево има објавено  тендер  за набавка на сцена, осветлување и озвучување, средствата се обезбедени преку ИПА програмата за прекугранична соработка.