-->
-->
Се разделија Азербејџан и Просинечки
-->
Роберт Просинечки по три години ја напушти клупата на фудбалската репрезентација на Азербејџан, објави националниот Сојуз на оваа земја.
Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Азербејџан, Елхан Мамадов, открил дека по состанокот што хрватскиот тренер го имал со челниците на Сојузот, било договорено дека тој нема да го продолжи договорот кој истекува во декември оваа година.
„Тој има некои други понуди, а имаше понуди и додека беше селектор на нашата репрезентација. Тој е добар човек, искусен стручњак и мислам дека нема да има проблеми да најде нов ангажман“, рекол Мамадов.
Интерес за Просинечки покажуваат неколку клубови и сојузите на Босна и Херцеговина и Словенија.
Просинечки (48) тренерската кариера ја започна како помошник на Славен Билиќ (2006-2010), потоа две години беше тренер на Црвена звезда, а една година работеше во Турција, во Кајсериспорт.
Селектор на Азербејџан стана во декември 2014 година кога го наследи славниот Германец Берти Фокс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовна молитва во Тирана
-
Преглед на вестите од светот
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани