Се расчистува снегот што ноќеска го затрупа патот низ викенд населбата на Попова Шапка поради невреме
Поради силен ветер со снег е завеан патот во населбата со викендички во Попова Шапка во текот минатата ноќ. Сопственици на викендички велат дека се затекнати од ситуацијата и има семејстава и посетители кои сега поради сотојбата не можат да излезат од своите домови. Очекуваат надлежните да го расчистат патот.
-Околу полноќ започнаа интензивни врнежи од снег, но и силен ветер. За половина час снема и струја. Патот целосно беше завеан и затрупан со снег. Од Општина Тетово како надлежни за населбата започнаа да расчистуваат денес околу 11.00-11.30 часот. Сметам дека да дојдеа побргу до сега ќе беше расчистено, вака останува до вечер да се отстрани снегот од улицата, која води низ населбата, вели Хавзи Ризвани, претседател на месната заедница и здружение на граѓани сопственици на викендички на Попова Шапка.
Според проценките на здружението од околу 650 викендички во половината викендов имало луѓе кои престојувале.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница