Се продлабочува соработката со Бугарија во заштитата на животната средина
Република Северна Македонија и Република Бугарија ќе ја продлабочуваат соработката во областа на животната средина и заштита на водите. Денеска во Софија е потпишан Договор меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија на средба меѓу ресорните министри Садула Дураки и Нено Димов.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат на средбата се разменети искуствата и достигнувањата во областите на животната средина и се разгледани можностите за продлабочување на заемната соработка меѓу двете соседни држави.
Двајцата министри ја потенцираа подготвеноста да ги зајакнат добрососедските и пријателски односи и да ја продлабочат соработка во правец на зачувување и заштита на природните ресурси, но и во олеснување интегративните процеси на Република Северна Македонија кон Европската Унија.
– Со потпишување на овој договор, нашите две земји го потврдуваат пријателскиот однос и се одличен пример во регионот за обединување и реализација на иста цел – заштита на животна средина и водите, истакна министерот Садула Дураки во своето обраќање.
Ново на Сител
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
-
Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари