Се поставуваат информативни табли за културно-историски споменици во Струмица
Во тек е поставување на 11 информативни табли со историски податоци, датирање и фотографија на локалитетите кои се дел од двете нови креирани туристички патеки од страна на Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Транзен“ од Струмица, кое од почетокот на годината го реализира проектот „Струмица како културно-историска туристичка дестинација“.
Таблите се поставуаат на локалитетите „Свети 40 Севастиски Маченици и Римска Терма“ во Бања Банско во село Банско, „Свети 15 Тивериополски Маченици“ во Струмица, „Орта Џамија“ во Струмица, „Мачук“ во Струмица, „Света Богородица Елеуса“ во село Вељуса, Комплекс Водочки Цркви „Свети Леонтиј“ во село Водоча, „Цареви Кули“ во Струмица, „Турска Кула“ во Струмица, и локалитетот „Средновековна црква во Струмица“.
-Во рамките на проектот креиравме две туристички патеки и тоа: „На патот кон духовната традиција-1000 години Струмичка епископија“ со одбележување на средновековни цркви и археолошки сакрални објекти од средниот век на територијата на општина Струмица, и „Седум илјади години цивилизација од праисториска населба до средновековно утврдување“, каде е проследен развојот на човечката цивилизација. До археолошките локалитети од двете понудени туристички патеки во следниот месец ќе бидат направени пристапни патеки до локалитетите и маркери, информира Јасмина Пијанманова од Здружението „Транзен“.
Додаде дека во рамките на проектот е подготвен и испечатен туристички водич на англиски јазик, каде преку развиените туристички патеки го презентираат културно-историското наследство на потенцијалните туристи во општина Струмица. Во тек е изработката и на интернет апликација, која во себе ќе ги инкорпорира различните настани, развиени туристички патеки направени од стручни лица, туристички атракции, активни занаетчии и галерии на уметници, културни манифестации и фестивали, активности и места за разгледување во градот и околината од една страна и збогатување на туристичката понуда на општина Струмица, искористувајќи го богатото културно-историско наследство.
Проектот се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (RELOAD), финансирана од Европската Унија, а спроведувана од програмата за развој на обединетите нации (УНДП) и се имплементира во соработка со НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј-Струмица“.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа