Се постапува за дивоградбите во Охрид, се бара регистар и за Струга
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека се работи според препораките на УНЕСКО за уривање на дивоградбите, оценувајќи дека е манипулација тврдењето оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари и оти за активностите има јасна динамика и план.
– Препораките на УНЕСКО треба да се спроведат, но не треба да се прави фама дека се што побарале од УНЕСКО оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари. Тоа е класична манипулација, но факт е дека со јасна динамика и зацртан план Општина Охрид веќе постапува во делот на дивоградбите, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид, каде учествуваше на 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори.
Според него, градежните инспектори ќе го кажат крајниот збор за дивоградбите во Струга, каде не е почнато уривање. Како што вели, треба да се направи регистар на дивоградби врз основа на кој ќе се постапува.
-Што се однесува на Струга, таму не е отпочнато уривање на дивоградби. Има одредени тврдења дека таму нема дивоградби, меѓутоа има градежни инспектори и на локално и на државно ниво кои тоа треба да го утврдат. Не може со паушални изјави да кажеме колку, туку да се направи регистар на дивоградби и врз основа на него да се постапува, на начин како што тоа се прави во Охрид, рече министерот за транспорт и врски.
Ново на Сител
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет

