Се подобрува контролата на паралелниот увоз на лекови
Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, со одлука да го достави до Собранието на Република Македонија.
Со предложените решенија веледрогериите се задолжуваат да обезбедат пообемна документација која се однесува на квалитетот на лековите кои се предмет на паралелен увоз.
Дополнително со овој предлог-закон се прецизира начинот на издавање на одобрението за паралелен увоз во смисла на утврдување на критериуми и тоа со обезбедување Сертификат за квалитет на лек што e предмет на паралелен увоз, приложен во оригинал. Сертификатот за квалитет треба да биде издаден од страна на производителот на лекот или од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител или од земјата извозник на лекот.
На овој начин се овозможува подобрена контрола на квалитетот на секоја серија од лековите кои се предмет на паралелен увоз и се обезбедуваат безбедни лекови од паралелен увоз и заштита на пациентите од евентуални неквалитетни лекови.
Ново на Сител
-
Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година
-
Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло
-
Избран нов Управен одбор во М-НАВ
-
Приведен крадец во Куманово
-
Уште една успешна година: Dm drogerie markt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24
-
Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг
-
Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“
-
Шарапова и браќата Брајан нови членови на тениската Куќа на славните