Се подобрува капацитетот на АХВ за контрола на болести кај животните
Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните со десет различни активности, зајакнување на капацитетот за безбедност на храната со четири активности, подобрен систем на официјална контрола со четири активности и подобрен систем за собирање на податоци и проценка на ризикот со четири активности, е резултатот на проектот „Подобрена контрола на болестите кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна“ што се спроведува од април 2022 година, а чиј главен корисник е Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Во рамки на проектот, финансиран од Европската Унија во вредност од 868 илјади евра, а имплементиран од конзорциумот КАПА, чиј завршен настан се одржа денеска во Скопје, беа реализирани голем број активности коишто ги унапредија институционалните системи за здравје на животните и јавното здравје преку интегриран мултидисциплинарен пристап.
-Спроведените проектни активности овозможија подобрување на националниот здравствен систем на животните за обезбедување на рано откривање и ефективен одговор на болестите на животните преку имплементирање на напредни системи за надзор на ЕУ. Нивната крајна цел е заштита на здравјето на граѓаните, а со тоа и зголемување на нивната доверба во контролните системи на институциите и обезбедување на услови за подобрен пласман на домашните производи на европските пазари и пошироко, изјави директорот на АХВ Оливер Миланов.
Тој нагласи дека преку проектот се развиени и сеопфатни планови за контрола и искоренување на приоритетните болести во соработка со приватните ветеринари и Ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје со фармери и други надлежни органи со цел обезбедување на координиран пристап во однос на здравјето на животните.
-Проектот придонесе и за зајакнување на голем број капацитети од областа на безбедноста на храна, како што се областите кои се однесуваат на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, новел храната, законодавството и контролите на медикаментозната добиточна храна, зајакнување на инспекциските служби и други области од надлежност во работењето на АХВ, посочи Миланов.
Нагласи дека од големиот број на активности реализирани во рамки на проектот произлегоа и голем број на пишани документи кои во иднина ќе ја подобрат ефективноста и квалитетот во работењето на АХВ, но и на другите надлежни институции одговорни за системот за контрола на болестите кај животните и безбедноста на храната.
Раководителот на Секторот за операции при Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин порача дека иако ова е завршен настан сепак не сака да го смета како крај на нешто, туку, како што рече, допрва сега треба да почнеме да работиме на темите од проектот кој ќе овозможи да се зголемат капацитетите за безбедност на храната и ќе ја подобри стартната позиција на земјава за почеток на преговорите со Европската Унија.
-Имаме многу изработени документи и препораки за безбедноста на храната и за контролата на болести кај животните кои сега треба да се преточат во македонското законодавство и да се усвојат и имплементираат за безбедноста на сите граѓани во земјата, но и визави пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ, изјави Худолин.
Ние, додаде, веруваме дека тие ќе помогнат во процесот на преговори преку преведувањето на Европското АКИ во овој важен дел за безбедност на храна и здравје.
Во одговор на новинарско прашање директорот на АХВ Миланов рече дека ќе направат се за превенција од чумата на мали преживари што првично се појави во Романија, а оттаму се префрли во Грција каде на 5 август имаше петунизација на 15 илјади грла коишто беа уништени.
-Вчера имавме прелиминарен состанок со Ветеринарната комора, со производителите, со фармерите, со Ветеринарниот факултет, со стручните лица коишто се од АХВ, а претходната недела имавме состанок и со одредени градоначалници во пограничниот дел со Грција кои ни овозможија канцеларии каде што можевме да одржиме состаноци со ветеринарните друштва. Со нашите стручни и вонредни екипи коишто беа пратени на терен направивме прелиминарни разговори околу превенцијата и спречувањето на внесот на болеста мали преживари во Македонија. Претходната недела исто така имав контакт и со министерот за локална самоуправа Златко Перински, а во тек е склучување и на меморандум за соработка со министерот за одбрана Владо Мисајловски. Ќе бидеме макотрпно на терен вклучени сите екипи за превенција од внесот на самата болест во Република Македонија, потецнира Миланов.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели