-->
-->
Се омажи прилепчанката Катерина што премина во ислам
-->
Младата прилепчанка Катерина Зaова, која ја смени православната вера со исламот се омажи и се пофали за тоа на Фејсбук.
Според тоа што тогаш го напиша, таа примила ислам во џамијата во Битола, а планирала да го смени и името.
„Заминав дома и се прашував како ќе реагираат моите. Кога ме видоа со хиџаб, многу беа изненадени и налутени, бев смирена, плачев пред нив, многу плачев, се задушував во моментот и не можев да кажам ништо, ниту еден збор. Со неговата (Алаховата) помош го направив тоа што го сакав. Чувствував дека намазот не ми беше доволен за да ја искажам мојата покорност кон Алах. Оттогаш носам хиџаб, се покрив“, пишува прилепчанката.
Ако се вистинити податоците оставени на Фејсбук, Катерина живее во Турција, а мајка ѝ во Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-
Христијаните во земјава го одбележаа најголемиот празник - Воскресение Христово Велигден
-
Државно-партискиот врв го честиташе Велигден
-
Илјадници верници во црквите во Охрид
-
Г. Петар: Со Цариград во моментов нема преговори, не можеме да преговараме околу тоа што сме и кои сме
-
Колешино - Село со пример за верски соживот
-
Д-р Митов: Науката потврди дека јајцата можат да бидат корисни за здравјето, но да не се претерува