Македонија
20. April 2025 - 16:47

Илјадници верници во црквите во Охрид

Биењето на камбаните во бројните православни храмови во Охрид точно на полноќ ја најавија радосната вест за воскресението Христово.Илјадници  верници од градот и туристи од земјава и странство кои одмараат на охридската ривеиера за продолжениот викенд ги исполнија црквите. Централната богослужба во Охрид се одржа во храмот на Свети Пантелејмон на Плаошник, со која чиноначалствуваше епископ Велички Никола.

Верниците со свеќи во рацете ,молитва и кршење на велигденските јајца си посакаа здравје и среќа.

Балканскиот Ерусалим познат по многубројните цркви години наназад привлекува огромен број на посетители за Велигден кои уживаат во неговата духовност.