Бизнис
29. July 2019 - 16:30

Се намалува цената на приклучокот на струја

Наместо 3.000 евра сопствениците на објекти во општините без детални урбанистички планови ќе плаќаат 400 евра за приклучок на струја.  Од регулаторна апелираат до општините во иднина  да бидат поажурно во носењето на дуповите, за домаќинствата да не се изложуваат на трошоци. Најголеми вакви проблеми има во западниот дел од земјава.

Од РКЕ посочија дека засега од либерализаицијата корист имаат големите но и помалите фирми. Трошоците на  малите индустриски капацитети се намалиле за над 30 отсто. Домаќинствата пак  за да излезат на слободен пазар ќе треба да почекаат да се преполови цената на светските берзи.

Пред еден месец РКЕ одлучи цената на струјата да не се менува и да остане иста и во следните 12 месеци.