Се кршеле чаши, шишиња и глави: Крвава тепачка во кафеана во Кучково

Ноќеска во 00,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во скопското село Кучково во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу повеќе лица. Имено, на една од масите во објектот лицата кои седеле, започнале да кршат чаши и шишиња и на вработените им кажале дека ќе ја подмират штетата што ќе ја направеле.
На тоа реагирал сопственикот А.Т.(25) од Скопје кој им кажал дека работното време завршува за 20 минути и дека треба да ја подмират сметката и да го напуштат објектот.Тогаш лицата започнале најпрво со чаши и пепелници да фрлаат кон А.Т. а потоа и физички го нападнале.
Потоа дошле В.М.(21), М.К.(20), П.М.(29) и В.А.(26) сите од Скопје, но веднаш лицата започнале и кон нив да фрлаат шишиња и други предмети, а потоа и физички ги нападнале, по што го напуштиле местото на настанот. Нападнатите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
По преземени мерки и активности, околу 02,15 часот пронајдени и приведени во Полициската станица Ѓорче Петров биле лицата: М.М.(26) од с.Кисела Јабука, Д.Б.(22) од с.Волково, И.Ј.(41), С.К.(30) М.З.(34) и Н.С.(20) сите од с.Кисела Јабука.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
