Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија

По повод 27 септември – Светскиот ден на туризмот, Министерството за култура и туризам упатува искрени честитки до сите туристички работници, чинители во туристичкиот сектор и граѓани кои со својата посветеност, знаење, труд и гостопримство придонесуваат за развојот и меѓународната промоција на македонскиот туризам, пишува во денешното соопштение.
– Овогодишната тема, утврдена од Светската туристичка организација при Обединетите Нации (UN Tourism), „Дигиталната агенда и вештачката интелигенција за редизајнирање на туризмот“, ја нагласува сè поголемата улога на современите технологии и иновациите во обликувањето на туристичкиот сектор, при што човекот и автентичното туристичко искуство остануваат во центарот на вниманието. Владата и Министерството за култура и туризам го препознаваат туризмот како значаен фактор за економскиот и општествениот развој на државата. Нашата визија е Македонија да се позиционира како препознатлива меѓународна туристичка дестинација преку вреднување и промоција на богатото културно и природно наследство, развој на квалитетни и одржливи туристички производи и услуги, како и примена на современи дигитални решенија – се додава во соопштението.
Истакнато е дека позитивните движења во туристичкиот сектор претставуваат поттик за продолжување на активностите за негов одржлив развој и унапредување на туристичката понуда. Во првите седум месеци од 2026 година, државата ја посетиле вкупно 741.446 туристи, при што било забележано зголемување на бројот на странските туристи. Меѓу најбројните странски гости биле туристите од Турција, Германија, Србија, Романија и Албанија.
– Овие резултати ја нагласуваат важноста на континуираната промоција на Македонија, унапредувањето на квалитетот на туристичките услуги и развојот на автентична, одржлива и конкурентна туристичка понуда, во согласност со потребите на современите туристи. Вештачката интелигенција и дигитализацијата отвораат нови можности за поефикасно управување со туристичките дестинации, подобро планирање и создавање поиндивидуализирани, поинклузивни и поквалитетни туристички искуства. Во соработка со приватниот сектор и сите чинители во туризмот, продолжуваме посветено да создаваме услови за развој на современ и конкурентен туристички сектор, кој ќе ги следи светските трендови, ќе ги зачувува нашите вредности и ќе отвора нови можности за граѓаните и економијата – нагласуваат од Министерството за култура и туризам.
Од Министерството порачуваат заеднички да се гради туристичката иднина на државата – отворена, иновативна, одржлива и препознатлива во светот, со човекот, културното наследство и природните убавини во нејзиното срце.
– Заедно да градиме туризам што поврзува, инспирира и создава можности за сите – се додава во честитката.
МИА
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
