Се гради ролерско-велосипедска патека од мостот „8 Септември“ до вливот на Лепенец во Вардар
Екипи на Град Скопје деновиве работат на изградба на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до вливот на реката Лепенец.
Ролерско-велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. На терен, на трасата на патеката е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставуваат рабници. Во текот на наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација, соопшти прес-службата на Град Скопје.
На изградба на ролерско-велосипедската патека работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. На новата патека ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со висина од по 7 седум метри.
Со продолжувањето на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар, од Град Скопје велат дека им се овозможи на вљубениците во велосипедизмот и ролерџиите да рекреираат на кејот и во овој дел од градот, а просторот ќе се уреди и ќе добие нов лик.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа