Се гради првата црква во делчевското село Очипала
Во делчевското село Очипала, се гради првата црква во селото посветена на „Раѓањето на Свети Јован Крстител“, познат како летен Иванден. Ктитор на црквата е Ванчо Симевски кој живее во Делчево, но по потеко е од ова село и тој со поддршка на Црковниот одбор веќе три години инвестира во црквата која е изградена до карабина, но за доградба и доуредување на просторот се потребни уште средства.
Во пресрет на верскиот празник летен Иванден ги повикува верниците да донираат за доизградба на првата црква во селото Очилапа.
- Секој нека дарува колку може оти и најскромниот прилог е може да биде најголем дар пред Бога зошто се дарува со силна вера и чисто срце. Изградбата на црквата тоа ми е аманет одамна. И еве последниве три години се гледа дека нешто направив и ги повикувам сите верници да донираат за доизградба на црквата. Потебни се средства за внатрешно уредување на црквата за фасада. Инаку, овој простор е прекрасен, имам и други идеи, долу имам направено чешма, сега ќе направам скали, направив маси, клупи, народот, кога сака може да дојде овде, рече Симовски.
Тој одлучил на ова место да гради црква, бидејќи според неговите сознанија, во непосредна близина на новата црква имало стара која пропаднала со вековите.
- Овој дел нема црква, но имало, според она што јас го истражував, овде до 13-15 век постоела црква, најдов многу стари предмети, питоси, издлабени камења за вода, а самото место по книгите се вика Света вода, недалеку одовде, водата ја најдов спроведена по земјени ќунци и ја донесов овде, направив чешма, инаку, водата е како лек за очи и глава, а такво е името на селото Очипала, рече Симовски.
На верскиот празник Иванден на 7 јули, овде по традиција ќе се соберат верниците. Симевски очекува како и секоја година да се вратат во селото и оние кои одамна се иселиле, па до сите нив испраќа апел за донирање средства за доизградба за овој локалитет кој според неговата замисла треба да прерасне во уште едно атрактивно место, привлечно за сите добронамерници.
Средствата од донациите се очекуваат на сметката 300210000016758, Комерцијална банка.
Ново на Сител
-
Претседателот на Олимпијакос обвинет за поттикнување насилство во спортот
-
Мастурбирањето е половина машко здравје | Д-р Дејан Огненовиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 072
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра