Се гради мост кај село Соколарци
Општина Чешиново Облешево согласно Програмата за изградба на локални патишта и мостови, денеска започна со изградбата на мост на регионалниот пат Р 2342 на влезот кај село Соколарци во близината на Млечната иднустрија „Осогово милк“.
Изградбата на овој мост е дел од Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите, финансирана од Евроската унија, а спроведена од страна на УНДП. Компанија која ке ги изведува работите е „Жикол“ од Струмица.
- Изградбата на овој мост е од особено значење за жителите на Соколарци, како и за оние населени места од нашата општина кои минуваат по него. Со изградбата на овој мост ќе се реши еден од долгогодишните проблеми на жителите од ова населено место, бидејќи и при најмали врнежи овој пропуст на сегашниот мост немаше капацитет за да ја пропушта надојдената вода и притоа доаѓаше до излевање, кое го отежнуваше движењето и сообраќајот, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново Облешево.
Нагласи дека паралелно со овие активности, општината работи и на поставување на нов асфалтен слој во должина од 1.400 метри на патниот правец Тркање - Спанчево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување