Се гласа од 7 до 19 часот

Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19:00 часот, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија (ОИК), но не отпочнува со броење на гласовите пред 19:00 часот.
Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги доставува до Општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Изборниот материјал до ОИК го доставува претседателот на ИО во придружба на заинтересирани членови на ИО или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за директорка на градинка во Кочани, вработила лице како негувател без да поседува лиценца
-

Од почетокот на декември до вчера 6151 сообраќајни прекршоци
-

Кафуле за „љубовни средби“ со „идеалната“ ВИ-личност
-

Јамал фудбалер играч со најмногу голови и асистенции во Лигата на шампионите на 19-годишна возраст
-

Кина погуби поранешен генерален директор поради примање мито
-

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди
-

Најстудено утрово во Берово и Битола -4 степени
