Македонија
9. December 2025 - 12:27

Со растечката примена на вештачката интелигенција мора да постои регулатива

Вештачката интелигенција заедно со роботиката ја менува сликата на општествениот и професионалниот живот .Првите ефекти особено во образованието се чуствуваат и кај нас ,учениците и студентите добиваат алатки за побрзо и поефикасно учење .Анис Сефиданис од охридскиот универзиетет св Апостол Павле вели дека образованието е вистинското место каде што може да почне да се изучува вештачката интелигенција но и да се постават етичките основи за користење на технологијата.

Потребна е регулатива која ќе ја гарантира заштитата  и ќе спречи злоупотреба вели професорот Сефиданис.

Директно или индиректно засегнати од оваа технологија луѓето стравуваат дека во иднина може да бидат заменети со роботи.

Брзиот развој на вештачката интелигенција ја надминува нашата способност да управуваме со неа затоа според добрите познавачи потребни се јасни стандарди и правила.