Македонија
20. January 2017 - 10:41

Се чисти патот кон поткожувските села Рожден и Мајден

Се чисти патот кон поткожувските села Рожден и Мајден, сите патни правци во општина Кавадарци се проодни, а сообраќајот се одвива во зимски услови со висок снег и ниски температури, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.

- Се препорачува внимателно возење. Се уште на сила  е препораката  без потреба да не се патува во селата од Бошавијата, соопштија од општинската Служба за информирање.

Информираат дека снежната покривка во градот изнесува дваесетина, а во ридско-планинскиот дел, четириесетина сантиметри.