-->
-->
Се чисти Црниот канал во Општина Кисела Вода
-->
Општина Кисела Вода започна со чистење на Црниот Канал. Од утрово се работи на расчистување на наталожената тиња, нараснататата вегетација, како и на расфрланиот отпад.
До крајот на седмицава, со механизација ќе се чисти од улицата „Малешевска” па се до пречистителната станица во Студеничани.
Од Општина Кисела Вода информираат дека и Црниот Канал и коритото на Мала Рада, темелно биле исчистени во мај, поради што, апелираат за совесно однесување на жителите на овој дел од градот.
- Фрлањето отпад во одводните канали, им прави штета, пред се’, ним, на жителите на Општината и го намалува квалитетот на нивното секојдневно живеење, наведуваат во соопштението од Општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час
-
Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи
-
Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија
-
Путин нареди регрутирање на 133.000 војници
-
Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата
-
Утрото посвежо, преку денот сончево со умерена облачност
-
Почина Дикембе Мутомбо